Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонијаАнализаТОП ВЕСТИ

Анализа Признанија во судовите, за криминал на ВМРО ДПМНЕ самоиницијативно говори врхушката на партијата

Држава во држава, вака ВМРО ДПМНЕ владеела 11 години во Северна Македонија. Самоиницијативните признавања на вина пред судот од страна на функционери во таа партија потврдуваат дека власта на ВМРО ДПМНЕ во секоја пора од општетството, и на локално, и на централно ниво, дејствувала како злосторничко здружување.

Партиски соработници на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, проговорија како ВМРО ДПМНЕ се задржала на власт. Заплашувања, малверзации, искористувајќи ги сите начини само за лично богатење, на штета на државната каса, односно на парите на граѓаните и држење во страв на народот, бизнис секторот, па дури и сопствените сопартиици. Секој во 11 годишниот режим на ВМРО ДПМНЕ бил заложник на фамилијата.

Вчера министерот за транспорт и врски на ВМРО ДПМНЕ, Миле Јанакиески пред судот призна дека ја злоупотребил службената положба и овластувањата како министер, при спроведувањето на јавната набавка за 200 двокатни автобуси.

Одбрале да купат автобуси од кинеска компанија која немала доставено банкарска гаранција за понудата и сертификат за квалитет, а ја одбиле бугарската фирма која била за 4,77 милиони евра пониска. Пред десетина дена, Јанакиески, заедно со тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и генералниот секретар Мартин Протугер, признаа вина и за случајот Титаник, односно дека од позиција на моќ противзаконски влијаеле на избирачкото право на граѓаните.

Високата функционерка на ВМРО ДПМНЕ и блиска соработничка на бегалецот Никола Груевски, Елизабета Чингаровски, прзина вина за незаконското финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ, случај познат како Талир. Таа призна дека во период од 2009 година до 2015 година, како власт, вршеле притисок врз фирмите што добивале државни тендери за да обезбедат готовина за партиската каса на ВМРО-ДПМНЕ.

За виновни пред судот се изјаснија и советниците на ВМРО ДПМНЕ во Општина Центар, Томислав Лазаров и Јордан Ристевски, за случајот поврзан со насилството во општината, кога целата јавност слушна како Груевски дава инструкции по телефон некој од партиските симпатизери да му удри неколку шамари на тогашниот градоначалник Андреј Жерновски.
Вина призна и обвинет во случајот за масовното прислушување Таргет Тврдина, слуачј за кој наскоро треба да има правосилна судска одлука.

По серијата признанија во судовите, владејачката СДСМ побара оставка од актуелниот претседател, Христијан Мицкоски. Во Извршниот комитет и во пратеничката група на оваа партија има лица кои се дел од судски процеси врзани со овие случаи, но и со многу други.