3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ХОРОСКОП

Многу бара, но дава уште повеќе: Ова е најверниот знак на Зодијакот

Од сите хороскопски знаци, Ракот најмногу се стреми кон сигурна врска полна со љубов во која нема простор за прељуба.

Ракот никогаш не е целосно среќен додека не постигне длабока емотивна врска, а кога ќе се заљуби секогаш размислува долгорочно.

Бара човек со кој ќе изгради дом и ќе создаде семејство.

Ракот дава многу, а исто така бара многу.

Желен е за внимание, сака да му се докажува љубовта, но секогаш ја „враќа“ во иста мера.

Кога ќе наиде на проблеми во врската, не ги избегнува туку ги решава бидејќи не сака ништо да му застане на патот на љубовта.

Не ни помислува на прељубата како „метод“ за решавање на проблемите бидејќи е лојален до крај.

Раковите кријат сложена емоционална структура и длабоки внатрешни искуства. Тоа се луѓе кои се составени од силни чувства и кои длабоко доживуваат се што се случува околу нив.

Тие се тивки, претпазливи и мистериозни. Повеќето од нив не се грижат и не се плашат толку за себе колку за своето семејство, а особено за своите деца. Имаат посебно чувство за грижа за потомството, а и за зачувување на традицијата.

Кога станува збор за оние што ги сакаат, тие бестрашно ќе застанат во нивна одбрана. Тие се религиозни, повеќе ги ценат духовните вредности отколку материјалните, а љубовта им е најважна!

Оние кои ги познаваат ги сакаат поради нивната дарежливост, чувствителност и грижа, доверливост и пожртвувана личност.

Дали го имате до вас?

Можеби ќе ве интересира

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Засекогаш несреќни во љубовта: Овие 3 хороскопски знаци остануваат без партнер, а не е виновен ретроградниот Меркур

M T

ПИЈАН И ИЗЈАВИ ЉУБОВ – Беше кум на свадбата, па ја украде невестата

M T

Љубов до крајот на животот: Тие се најсилниот хороскопски пар

M T

Четири хороскопски знаци ќе се сретнат со љубовта на својот живот до крајот на јули: Другите имаат криза во врските

M T

Немаат среќа во љубовта: Овие хороскопски знаци имаат НАЈНЕУСПЕШНИ врски

M T