11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Француски министер: За членство на Украина во ЕУ е потребно време

Влезот на Украина во Европската унија не е нешто за што може да се одлучи утре, изјави францускиот министер за европски прашања Клемент Бон.

„ Ќе биде потребно време“, додаде Бон, мислејќи на разговорите во меѓународните политички кругови за тоа дали да и се дозволи на Украина брзо да се приклучи на ЕУ како гест на солидарност поради руската инвазија.

Лидерите на ЕУ денеска се среќаваат во Версај на неформален самит посветен на руската воена агресија врз Украина и нејзините последици.

Тие треба да разговараат за зајакнување на европскиот суверенитет, одбрана, намалување на зависноста од руската енергија и нови начини за раст и инвестирање во европската економија, како и за економска и хуманитарна помош на ЕУ за Украина и санкции за Русија и Белорусија, соопштено е во Брисел.

Лидерите на Европската унија постепено ќе го напуштат купувањето на руска нафта, гас и јаглен бидејќи војната на Москва против Украина покажува дека ЕУ мора да биде помалку зависна од Русија, но на Киев најверојатно нема да му биде понудено брзо членство во ЕУ, се вели во нацрт-декларацијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T