11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД најавија санкции за руските олигарси

Белата куќа најави нови санкции против руските олигарси, а како што пишува Си-ен-ен, ова е нов обид на Џо Бајден да го спречи Владимир Путин и неговата инвазија на Украина.

Новиот список на санкционирани ги вклучува пријателите на Путин и членовите на нивните семејства. Тие ќе бидат отсечени од американскиот финансиски систем, нивните средства во САД ќе бидат замрзнати и блокирани, соопшти Белата куќа.

Станува збор за осум членови на руската елита, а меѓу нив е и еден од најбогатите во Русија – Алишер Усманов. Ќе бидат блокирани и неговата супер-јахта и приватниот авион, пишува Си-ен-ен.

САД ќе го санкционираат портпаролот на Путин, Димитри Песков, кого Белата куќа го опишува како најголем продавач на пропагандата на Путин.

„САД и владите ширум светот ќе работат заедно за да ја идентификуваат руската елита и да ги замрзнат нивните средства што се чуваат во тие земји – јахти, луксузни станови, пари и други профити“, соопшти Белата куќа.

САД ќе воведат визи и за 19 олигарси и 47 членови на нивните семејства. Ова ќе биде насочено кон олигарсите за кои е познато дека „насочуваат, овластуваат, финансираат, значително поддржуваат или спроведуваат злонамерни активности кои ја поддржуваат дестабилизирачката надворешна политика на Русија“.

Спонзорирано: