7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Градоначалникот на Мариупол: Ќе го преживееме ова, ќе бидеме победници

Градоначалникот на Мариупол во јужна Украина изјави дека средата бил најтешкиот ден од руската инвазија поради силното гранатирање и зголемениот број ранети цивили во болниците. Градоначалникот Вадим Бојченко им се обрати на граѓаните на Мариупол и рече дека украинските сили храбро возвратиле на оние кои пукале во куќите.

Тој рече и дека е загрозена критичната инфраструктура во градот и дека граѓаните се без вода и струја.

– А вие, драги граѓани на Мариупол, сте големи херои. Сите ние се бориме за нашата слобода, за нашата земја, за нашиот единствен Мариупол. Ние не напаѓаме никого. Само седиме дома. Тоа значи дека Бог е со нас. Тоа значи дека вистината е со нас. Тоа значи дека победата ќе биде на наша страна – рече тој.

Тој им се заблагодари и на лекарите, на комуналните работници, на украинските вооружени сили и на сите граѓани.

– Заедно навистина ќе го преживееме ова. Ние ќе бидеме победници. Мислам дека го заслужуваме тоа. Ние сме Украинци. Ја сакаме нашата земја. Го сакаме нашиот град. Слава на хероите! Слава на Украина! – додаде тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Охрид, Пецаков

M T

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, со поддршка за Шилегов

M T

ОО СДСМ-Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ го допре политичкото дно, Николоски да се извини за изнесените клевети

M T

Спасовски од Куманово: Оливер Иливески е најдобриот градоначалник кој ќе му служи на народот и одлучува заедно со него

M T

Обвинение за поранешниот градоначалник на Општина Битола за незаконски јавни набавки

M T

Заврши рокот за собирање на потписи, влез за изборната трка добија 25 кандидати за градоначалници

M T