13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Зеленски: 6000 Руси загинаа, не можат да не победат со нивните бомби и ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на украинската јавност на седмиот ден од инвазијата.

Тој рече дека околу 6.000 руски војници биле убиени во шест дена од рускиот напад на Украина.

„Имаме повеќе единство во последните седум дена отколку во последните 30 години. Овојпат сме како едно. Се сакаме и си помагаме“, рече Зеленски.

Тој тврди дека Москва има намера да ја избрише украинската историја. Спомна руски проектил кој паднал во близина на споменикот на жртвите на холокаустот во Киев.

„Вчера некои од нас повторно загинаа со ракетен напад врз споменикот на холокаустот во Бабин Јар. Каков човек цели кон нешто такво“, запраша Зеленски.

„На руските војници им е наредено да ја избришат нашата историја, нашата земја, сите нас“, додаде тој.

Тој особено им се обрати на Евреите ширум светот.

„Сега им се обраќам на сите Евреи во светот. Не гледате ли што се случува?. Нацизмот се раѓа во тишина. Затоа викајте за убивање цивили! рече Зеленски, кој исто така има еврејско потекло.

Тој рече дека Русија не може да ја добие оваа војна со бомби, удари и проектили.

„Украинците денес се симбол на непобедливост. Симбол дека луѓето во која било земја во секое време можат да станат најдобри луѓе на земјата. Слава на Украина!“ изјави украинскиот претседател.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

M T

Шолц: Путин мора да разбере дека не може да победи во војна

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T