10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Уште еден спортист загина за Украина, имал само 19 години

Војната зеде нова спортска жртва, загина 19-годишниот биатлонец Јевхен Малишев.

Тој бил јуниорски репрезентативец на Украина, кој бил мобилизиран кога започнала војната.

Според Укринформ, тажната вест била официјално потврдена на Телеграм од прес-службата на Врховната Рада (Собранието на Украина).

„Пред две години овој биатлонец беше јуниорски репрезентативец. Нека е вечен споменот на херојот“, се вели во соопштението.

Малишев одговорил на мобилизацијата и е трета спортска жртва на војната.

Претходно двајца украински фудбалери беа убиени во борбите меѓу Украинците и руските воени сили, објави ФИФПро.

Организацијата која ги собира фудбалските професионалци во светот, изрази сочувство до семејствата на Виталиј Сапило и Дмитриј Мартиненко.

Тие се само двајца од многуте спортисти кои директно или индиректно се вклучија во борбата против руската агресија во Украина.

Првите спортски жртви се на украинското бојно поле, 21-годишниот Сапило загинал во битките кај Киев, а уште полошо поминало семејството на другиот 25-годишен фудбалер.

Според украинските медиуми, неговиот дом бил разнесен со ракета, кој го усмртил Дмитриј, неговата мајка, а тешко ја ранил неговата седумгодишна сестра.

Спонзорирано: