14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД воведуваат нови санкции за Русија

САД воведуваат дополнителни санкции кон Русија, кои се насочени и кон соседна Белорусија, со цел да се одговори на инвазијата на Путин во Украина, соопшти денеска Белата куќа.

„САД ќе ги преземат неопходните мерки за да ја ослабат воената моќ на Русија и нејзиниот одбранбен сектор во наредните години. Покрај тоа, руските авиокомпании ќе бидат спречени да летаат над воздушниот простор на САД и ќе бидат запрени најважните извори на богатство на Руската Федерација. Новите санкции ќе ја опфатат Белорусија, имајќи предвид дека Вашингтон ја смета за одговорна за овозможување на инвазијата на Украина“, соопшти Белата куќа.

Министерството за трговија за Белорусија наметнало строга контрола на извозот во Русија, која стапила на сила на 24 февруари, како одговор на поддршката за Русија во нејзиниот напад врз Украина.

Овие контроли треба да го спречат извозот на технолошки производи и софтвер во одбранбениот, воздухопловниот и поморскиот сектор од Белорусија во Русија.

САД континуирано ги зголемуваат санкциите против Москва откако претседателот Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина минатиот четврток. Белорусија им дозволи на руските трупи да ја користат нејзината територија како почетна точка за напади.

Руската инвазија сè уште не ја собори украинската влада, но принуди повеќе од 870.000 луѓе да побегнат во соседните земји и ја потресе глобалната економија бидејќи владите и компаниите ширум светот одлучија да ја изолираат Москва.

Спонзорирано: