10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: По вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет

Соопштение на СДСМ:

„Пресудите во предметот „Титаник“ го потврдија криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се потврди дека постоело злосторничко здружение кое ја фалсификувало волјата на граѓаните, вршело изборен поткуп, злоупотребувало пари и институции и незаконско финансирало изборни кампањи.

По вчерашните пресуди, Христијан Мицкоски мора да си поднесе оставка заедно со неговиот Извршен комитет, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана партија, со истите луѓе кои биле дел од судски процеси, со судска пресуда за сторен криминал.

Во Титаник обвинети се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски.

Мицкоски е некогашна десна рака на Груевски, негов советник и генерален секретар.

Во актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето на Груевски, како Александар Николоски и Владо Мисајловски, но луѓе за кои има други обвиненија, како Антонио Милошоски и Игор Јанушев.

Затоа Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се повлечат.

СДСМ апелира на ефикасна истрага и завршница на процеси против поранешни и актуелни политичари без разлика дали се на власт или во опозиција“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T