3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Научници шокираа: Балканот бил посебен континент

Балкандолија, како што се нарекуваше заборавениот континент, се наоѓаше меѓу Европа, Африка и Азија и беше мост за цицачите од Азија до Европа, тврди група научници во новата студија објавена во списанието „Ерт сајанс ревју“.

Кога нивото на морето се намалило пред околу 34 милиони години, Балканот служел како мост за мигрирање на животните во јужна Европа, пред да исчезнат голем број цицачи во Западна Европа за време на Ееценот за време на една од епохите на истребување.

Ова тврдење го дава палеогеологот Алексис Лихт од Европскиот центар за истражување на еколошката геонаука, кој е и професор на Универзитетот во Вашингтон во САД.

Научниците своите тврдења ги темелат на фосилите пронајдени на Балканот, кои покажуваат дека животните емигрирале од Азија пет до 10 милиони години пред да се случи истребувањето во Европа.

Тие користеле податоци за фосили од Балканот и Анадолија, споредувајќи ги со најновите сознанија за геолошката историја и ги реконструирале палеогеографските промени во регионот.

Откриле дека Балканадолија во еден момент, од независен континент, станала „земен мост“ кога се споила со континенталниот дел на Европа. Пред околу 50 милиони години, Балканот бил одделен од другите континенти и имал свој жив свет, кој се разликувал од Европа и Азија.

Комбинација од опаѓање на нивото на морето, пораст на мразот на Антарктикот и тектонски нарушувања го поврзаа Балканот со другите континенти пред 40 до 34 милиони години, се вели во студијата.

Ова им овозможи на цицачите од Азија, како што се глодарите и копитарите, да дојдат на Балканот, а потоа и во Европа, покажуваат фосилните истражувања. Меѓу фосилите, научниците открија животно слично на носорог пронајдено во Турција, кое живеело пред 38 до 35 милиони години, што значи дека животните од Азија пристигнале на Балканот и Европа пред големото истребување.

Продорот низ Балканската долина беше многу полесна за животните, бидејќи патот низ Централна Азија беше многу потежок поради условите на пустината и мразот во некои делови.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Научниците со најави: Климатските промени може да имаат разорен ефект врз источниот Медитеран

M T

Научниците збунети бидејќи моќниот телескоп Џејмс Веб „гледа“ работи во вселената што не треба да бидат таму

M T

НЕ УБИВАЈТЕ ПАЈАЦИ – Еве како тие можат да бидат многу корисни

M T

Рама: Не е само ЕУ виновна, ние сме луди на Балканот, сите мислиме дека сме најстар народ

M T

Бајден ги продолжи итните мерки за Балканот: Екстремистичкото насилство главна закана за националната безбедност на САД

M T

Научниците открија: Еве кога се активира вирусот на херпес

M T