10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зградата на косовската влада осветлена во боите на украинското знаме

Зградата на Владата на Косово синоќа беше осветлена со знамето на Украина во знак на солидарност со таа земја откако Русија ги призна украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

Косовскиот премиер Албин Курти во објава на Твитер рече дека „колку и да се темни времињата или колку е тешка борбата, историјата ги фаворизира праведниците“.

– Во овој критичен момент за украинскиот народ ја осветливме зградата на Владата за да ја покажеме солидарноста на народот на Косово со народот на Украина – напиша Курти.

Претходно вчера премиерот Курти изјави дека Владата на Косово го поддржува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина. Тој нагласи дека Косово секогаш ќе биде координирано со Европската унија, САД и НАТО.

Потсетуваме дека Русија ги призна украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

Лидерите на Европската унија и НАТО, како и бројни земји, остро го осудија чинот на Путин, ја повторија својата поддршка за Украина и најавија заедничка реакција.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Зеленски: Знамето на Змискиот Остров е знак дека Украина не е скршена

M T

Белата куќа го спушти знамето на половина копје во чест на животот на децата кои беа убиени во училиште во Тексас

M T

Дали знаете на кое единствено знаме во светот нема црвена, бела или сина боја?

M T

Во гранатирање на зграда во Киев повредени најмалку две лица

M T

Граната погоди зграда – Загинаа осум цивили

M T