13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: Ситуацијата во Босна е позагрижувачка од кога било

Шефот европската дипломатија Жозеп Борел, изрази загриженост поради „центрифугалните трендови“ во Босна и Херцеговина, еден ден откако босанските Хрвати се заканија дека ќе ги бојкотираат претстојните избори и ќе формираат свој регион во таа проблематична балканска држава.

Борел предупреди на конференцијата за безбедност во Минхен дека ситуацијата е „позагрижувачка од кога било“ за поранешната југословенска република, која веќе е поделена на бошњачка и хрватска федерација и ентитет со доминантно српско население наречена Република Српска.

Босанските државни власти и меѓународната заедница веќе се борат со сецесионизмот предводен од еден од лидерите на трипартитното претседателство на Босна, водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Исто така, има зголемени притисоци да се најде решение за хрватските жалби — во некои случаи поддржани со меѓународни правни пресуди — дека поделбите на Босна врз етничка основа, воспоставени во 1995 година, се дискриминаторски и мора да бидат укинати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Борел разговараше со лидерите на Западен Балкан за последиците од војната во Украина

M T

Борел очекува наскоро да биде потпишан договорот за иранската нуклеарна програма

M T

Борел против целосна забрана за влез на руски државјани во ЕУ

M T

Борел: На патот кон ЕУ нема да го загубите својот идентитет, никој од нас не го губи

M T

Борел: Проширувањето на ЕУ – геополитички императив

M T