10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова јасна: Немавме и немаме намера да ја нападнеме Украина

Русија никогаш немала и нема намера да ја нападне Украина, а за тој став писмено го известила Вашингтон, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа рече дека писмената реакција на Москва на американскиот одговор на безбедносните гаранции предложени од руската страна претходно, го нагласува овој факт.

– Русија никогаш немала и нема намера да иницира агресивни акции против оваа земја – изјави Захарова во интервју за НТВ.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи зборуваше за актуелната ситуација во источна Украина и однесувањето на Киев во Донбас го нарече геноцид.

Највисокиот украински безбедносен функционер Олексеј Данилов ја обвини Русија дека организира провокации во источна Украина со цел да го испровоцира Киев да возврати.

Тој додаде дека Украина ќе се држи до мирните начини за решавање на кризата.

Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, додаде дека неговата земја нема планови за насилно ослободување на териториите што ги држат проруските сили, додавајќи дека целосна руска инвазија на Украина е малку веројатна.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина

M T

Захарова: ЕУ и САД направија робови oд украинскиот народ

M T

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ против Русија е нелегитимен

M T

Захарова: Политичарите од ЕУ ја бараат причината за кризата во својот двор

M T

Захарова: Западот вештачки ја одложува војната, Бугарија се користи за надмудрување на Русија

M T

Захарова: Го делат светот на оние кои имаат и на оние кои треба да ги искористуваат

M T