11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Се бараат студенти за возење метро во Виена

Ова лето повторно ќе има 12 слободни места во Виена за најбараната обука во градот – возач на метрото Винер Линиен.

Тримесечната, платена обука трае осум часа дневно. По обуката, хонорарните вработени во јавното сообраќајно претпријатие „Винер Линиен“ работат со скратено работно време со цел да им дадат поддршка на редовните возачи, особено во утринските и вечерните часови за време на „шпицот“.

Циклусот за обука започнува на 27 јули оваа година и вклучува технички детали за возилата и рутите, правилното ракување со патниците и обемната практика на возење во симулаторот на метрото и на рутата.

Може да се пријави секој кој има најмалку 21 година и отсекогаш сакал да се вози во метро. Работното време е флексибилно, а распоредот е договорен од понеделник до петок, со минимум 12 часа неделно.

Покрај можноста за напредување и доусовршување и многу здравствени придобивки, вработените добиваат бесплатен годишен билет за „Wiener Linien“ и попуст на билетот за остатокот од Австрија.

„Со овој модел се обраќаме кон новите целни групи. Особено студентите, кои можат да работат со скратено работно време во една од најголемите компании за заштита на климата во градот. Особено ме радува што работата ја извршуваат еднаков број жени и мажи. изјави извршниот директор на Винер, Линиен Александра Рајнагл.

Проектот за ангажирање возачи со скратено работно време постои од 2019 година, а особено стана популарен кај виенските студенти со технички специјализации.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Голем број Украинци се уште се кријат во метрото, не знаејќи што се случило со нивните домови

M T

Њујорк ќе ги брка бездомниците од метрото

M T

Париското метро парализирано поради штрајк, милиони луѓе останаа без превоз

M T

Министерот Спасовски заедно со студентите од Факултетот за безбедност на академско онлајн кафе дружење

M T

Премиерот Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

M T

Царовска со порака до студентите на првиот академски час: Бидете посветени на студирањето и подгответе се добро за предизвиците кои ве очекуваат потоа

M T