13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТSHOWBIZ

На „Оскарите“ ќе се бара негативен Ковид-19 тест од сите, вакцини од повеќето

Академијата за филмски уметности и науки ќе бара од присутните на 94. церемонија на доделување „Оскари“ во март да покажат доказ за вакцинација против Ковид-19 и најмалку два негативни ПЦР тестови.

Изведувачите и презентерите на највисоките почести во филмската индустрија, исто така, мора да направат ПЦР тест, но нема да треба да покажат доказ за вакцинација.

Барањата за покривање на лицето ќе се разликуваат на настанот на 27 март во театарот „Долби“ во Холивуд, според изворот.

Номинираните и нивните гости во долните делови на театарот нема да мораат да носат маски. Тие ќе седат со поголемо растојание од вообичаеното. Во „Долби“ ќе бидат поканети 2,500 луѓе.

Од оние што седат во мезанин може да се бара да носат маски, бидејќи ќе седат еден до друг.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

ЕУ купува 110.000 вакцини против мајмунски сипаници

M T

Тест со чаша вода: Еве четири начини да бидете сигурни дека вашата коса е здрава

M T

САД: Вакцини за деца под 5 години најрано на 21 јуни

M T