15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Големо невреме во Европа, најмалку пет лица загинаа, неколкумина се повредени

Најмалку пет лица го загубија животот во невремето што зафати неколку европски земји, а неколку лица се повредени.

Две лица загинаа во централната германска сојузна покраина Саксонија-Анхалт кога дрвја паднаа врз нивните автомобили, објавија властите, пренесуваат локалните медиуми.

Во Хамбург поради невремето три лица се здобиле со полесни повреди на траект кој бил погоден од бран и искршил стакло.

Германската метеоролошка служба синоќа издаде повеќе предупредувања за пристигнувањето на невремето и најави дека опасните услови би можеле да траат неколку дена се до сабота.

Во Полска ветровите достигнаа брзина и до 125 километри на час и сериозно оштетија околу 500 куќи, уништија покриви, дрвја и предизвикаа прекини на електричната енергија за повеќе од 324.000 домаќинства ширум земјата. Двајца работници загинаа, а двајца се повредени кога кран се превртел на градилиште во Краков. Уште еден маж загина во западна Полска кога дрво паднало врз неговиот автомобил, јавија локалните медиуми.

Погодена беше и Чешката Република, каде што повеќе од 300.000 домаќинства останаа без струја, а сообраќајот беше сериозно нарушен бидејќи соборените дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги.

Три деца се повредени во сообраќајна несреќа на југозападот од земјата и се хоспитализирани.

Невремето оштети или уништи многу покриви низ земјата.

Во Холандија, погодена од ветрови со брзина од 100 километри на час, еден полицаец е повреден при пад на покрив на зграда во Дуивен во близина на Арнем, јави јавниот сервис.

Пожарникарите извлекле двајца повредени од автомобил на кој паднало дрво во градот Маслуис, на југот на земјата.

На аеродромот Шипхол во Амстердам, холандската авиокомпанија објави дека ќе откаже речиси 170 летови поради невремето во петок. Откажување летови и прекин на сообраќајот има и во другите европски земји.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Најмногу пријавени штети за поплавени простории и паднати дрвја

M T

И денеска пороен дожд и грмежи, во Скопје услови за невреме

M T

Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

M T

Викендов ќе паднат температурите, метеоролозите прогнозираат невреме со дожд, град и грмотевици

M T

Деветнаесет пожарникари се справувале синоќа со штетите од невремето кое го погоди Неготино

M T

Невреме предизвика хаос во Лас Вегас – Казино заврши под вода, потопени се и автомобили

M T