4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бела ајкула усмрти пливач – Затворени најпознатите плажи во Сиднеј

Неколку плажи во Сиднеј, меѓу кои и најпознатите плажи Бонди и Бронте, денеска беа затворени откако еден пливач загина во напад на ајкула.

Водени замки за ајкули се поставени во близина на местото на нападот, додека беспилотни летала се распоредени како дел од потрагата по ајкули во областа.

На видеото објавено на Интернет се гледа како ајкула напаѓа едно лице на плажата Литл Беј, на околу 20 километри јужно од најголемиот град во Австралија и во близина на влезот во заливот Ботани.

Полицијата, сепак, се уште не го открива идентитетот на капачот.

„ Ова беше целосен шок за нашата заедница“, рече Дилан Паркер, градоначалник на округот Рендвик, чиј дел е Литл Беј.

Портпаролот на Одделот за примарна индустрија во Нов Јужен Велс изјави дека неговите биолози веруваат дека белата ајкула одговорна за нападот, била долга најмалку три метри и дека ова е прв фатален напад на ајкула во Сиднеј од 1963 година.

Можеби ќе ве интересира

Грција забрани капење на 12 плажи

M T

Константин Георгиески: Охрид конечно добива градски плажи по сите современи текови и еколошки препораки

M T

Црна Гора: Лежалка на оваа плажа до минатата година беше 120 евра, а сега „пиво и ќебапи за едно евро“ плус влезот е слободен

M T