3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Бајден до Зеленски: Сојузниците ќе реагираат во случај на руска агресија

Американскиот претседател Џозеф Бајден му кажал на украинскиот претседател Владимир Зеленски, во разговор кој траел околу еден час, дека САД ќе одговорат брзо и решително доколку Русија преземе дополнителни чекори кон инвазија, се вели во соопштението на Белата куќа.

Повикот дојде во време кога САД предупредуваат дека руската инвазија на Украина може да се случи оваа недела.

Како што се наведува, Бајден јасно ставил до знаење дека САД ќе одговорат брзо и одлучно, заедно со своите сојузници и партнери, на секоја натамошна руска агресија врз Украина.

Двајцата лидери се согласија за важноста да се продолжи со дипломатија и одвраќање како одговор на руското воено засилување на границите на Украина, се вели во соопштението.

Висок украински функционер рече дека Зеленски ги обновил повиците до Вашингтон за да обезбеди поголема воена и финансиска поддршка за Украина и побарал од Бајден да ја посети Украина што е можно поскоро.

Белата куќа не сакаше да ја коментира поканата Бајден да ја посети Украина. Американските власти велат дека патувањето на Бајден во Украина е малку веројатно.

Службеник, кој имал информации за разговорот, изјавил за Си-Ен-Ен дека Зеленски ја искористил поканата за да предложи, како што опишал функционерот, конкретни идеи за намалување на руската закана за Украина, како што е обезбедување поголема воена поддршка за Украина, вклучително и понапредно оружје.

Зеленски, исто така, ја истакнал потребата на Бајден од значителен финансиски пакет за Украина, кажал официјалниот претставник.

Зеленски претходно изрази незадоволство од постојаните оценки за војна и рече дека ваквите предупредувања негативно се одразуваат на економијата и на националната валута.

Тој им се заблагодарил на САД за поддршката и кажал дека Украина ги разбира заканите на кои е изложена и дека е подготвена за секое сценарио.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Рогов: Зеленски е предавник и странски шпион

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Зеленски: Русија насекаде остава смрт, мора да одговара за тоа

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T