10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Столтенберг денеска пристигнува во Романија за да ги посети воените бази

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе пристигне во Романија и ќе ја посети базата во Констанца, каде веќе пристигна првиот конвој со воена опрема од Америка, во базата Михаил Когалничеану.

Столтенберг планира да се сретне со романскиот претседател Клаус Јоханис, а главна тема на разговор ќе бидат тензиите во Источна Европа.

Претходно беше најавено дека околу 1.000 американски војници ќе бидат префрлени во Романија.

Вториот конвој опрема се очекува да биде испорачан денеска. Романските медиуми јавуваат дека пристигнуваат повеќе од 60 оклопни возила, а некои се опремени со противтенковски ракети.

Инаку, американскиот одред што ќе биде стациониран во Романија ќе се вика „Cougar Task Force“ и ќе го сочинуваат главно војници од 2-та ескадрила на баталјонот.

Американскиот Пентагон минатата недела објави дека 1.000 американски војници ќе бидат префрлени од Германија во Романија.

„Како дел од нашите пошироки напори да ја покажеме нашата посветеност кон сојузниците на НАТО и да ја одвратиме руската агресија, Соединетите Држави преместуваат баталјон Страјкер од приближно 1.000 американски војници веќе ангажирани во европските операции во Романија“, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.

Соединетите Држави во моментов имаат околу 900 војници во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година и е домаќин на систем за одбрана од балистички проектили.

Франција, исто така, објави дека планира да испрати војници во Романија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведен измамник од Романија

M T

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија

M T

Столтенберг: Европа ќе ја плати цената за поддршката на Киев, ни претстои тешка зима

M T

Силен земјотрес ја погоди Романија

M T

Столтенберг: Украина треба да има повеќе тешко оружје

M T

Столтенберг ја откажа посетата на Берлин – причината непозната

M T