7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Генералниот секретар на ОН: Правилната дистрибуција на вакцините може да стави крај на пандемијата

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во средата рече дека правичноста во глобалната вакцинација може да стави крај на пандемијата на коронавирусот предупредувајќи дека луѓето и земјите ја плаќаат цената за нееднаквоста.

„Ако сакаме да се осигураме дека сите се вакцинирани за да се стави крај на оваа пандемија, првин мора да донесеме правда во системот“, рече Гутереш.

Тој посочи дека „влегуваме во третата година од пандемијата, а светот сѐ уште е далеку од исполнување на клучните цели“.

Генералниот секретар на ОН рече дека понудата и воведувањето вакцини се зголемува експоненцијално.

„Изгубеното време го надополнуваме во многу земји. Можеби на повидок е крајот на оваа пандемија – оваа година, но мора да дејствуваме сега“, рече тој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

M T

Шефот на ОН за храна: Она што беше бран на глад сега е цунами од глад

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

ОН: Кина сериозно ги крши човековите права на Ујгурите и другите малцинства

M T

Пандемијата влијаеше на падот на бројот на новороденчиња и бракови во Кина

M T