Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Нереди на Лезбос, петмина уапсени по демонстрациите против новиот мигрантски камп

Грчката полиција приведе најмалку пет лица по насилството за време на демонстрациите против планот за изградба на нов мигрантски камп на Лезбос, соопштија денеска властите.

По мирниот марш до локацијата Плати по обилните врнежи од дожд претходниот ден, мала група демонстранти запалиле големи машини што ги користела приватна компанија за реализација на проект вреден 87,5 милиони евра.

Планирано е кампот да биде завршен до септември на локација 30 километри северно од Митилена, главниот град на островот. Во него ќе бидат сместени до 3.000 мигранти и баратели на азил, објавија агенциите.

Лезбос беше најпрометната точка за бегалците и мигрантите да влезат во ЕУ во 2015 и 2016 година кога стотици илјади луѓе преминаа од Турција бегајќи од војните во Сирија, Ирак и други земји.

Постојано преполниот камп „Морија“ изгоре во јужниот дел на островот во 2020 година, а луѓето што престојуваа во него сега се во привремено сместување.

ЕУ финансира изградба на нови кампови на пет грчки острови во близина на брегот на Турција. Слободата на движење е ограничена на нови локации, што беше критикувано од хуманитарните организации, пишуваат медиумите во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

M T

Големи нереди во Тирана пред мечот Рома-Фејнорд, 12 полицајци во болница

M T

Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца

M T

Канадската влада повика на прекин на хаотичните демонстрации

M T

Уапсени тројца Албанци кои побегнале од полициска станица на Крит

M T

Во Индија уапсени 28 лица за групно силување на девојче

M T