19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Вооружени разбојници упаднале во училиште во Шведска

Во средно училиште во Шведска, двајца разбојници со ножеви влегле и украле компјутери од учениците.

Имено, тие за време на часот влегле во училницата во Вастерас и ги земале сите компјутери кои биле во класот, но биле принудени да фрлат некои откако наставниците ги бркале.

За среќа, никој од учениците и наставниот кадар не е повреден, но на случаен минувач кој се обидел да интервенира, била дадена брза помош на лице место.

Деталите за грабежот не се познати, бидејќи полицијата не дава повеќе информации, но посочи дека на местото на настанот биле повикани полицајците откако „неколку сторители“ ги принудиле учениците да ги предадат електронските уреди.

Тобијас Ален, портпарол на локалната полиција, рече дека полицајци патролираат во областа.

Директорот на училиштето Хенрик Петерсон изјави дека голем број ученици не се чувствувале добро во текот на попладневните часови.

Петерсон додаде дека вакви работи не треба да се случуваат на училиште и дека тоа е ужасно.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Во Шведска можна промена на власта: Десниот блок има тесна предност

M T

Антилопа уби вработен во зоолошка градина во Шведска

M T

Шведскиот министер: Одлуката на земјата да влезе во НАТО не е најсреќна, тоа е неопходен чекор

M T

Жена избодена до смрт на политички фестивал во Шведска

M T

Членките на НАТО денеска ги потпишуваат протоколите за прием на Шведска и Финска

M T