Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Уапсени тројца Албанци кои побегнале од полициска станица на Крит

Грчката полиција уапси тројца Албанци од група од петмина осуденици кои во понеделникот наутро побегнаа од полициска станица во Ханија на Крит.

Пронајдените бегалци се лоцирани доцна синоќа во Ираклион, од каде нешто по полноќ биле префрлени во затворот во Ханија, а по останатите двајца се уште се трага.

Полицијата им влегла во трага на тројцата бегалци откако го лоцирала украденото возило што го користеле бегалците.

При контрола на полициските органи пронајдени се еден нож и помала количина хашиш и хероин.

Уапсени се 43-годишен Албанец кој бил член на групата вооружени разбојници „Атика“, 29-годишен Албанец осуден за трговија со дрога и 32-годишен Албанец осуден за разбојништво.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес на Крит – Грчкиот остров се стресе со јачина од 4,5 степени

M T

Во Велика Британија уапсени седум војници поради дрога и перење пари

M T

Уапсени 14 педофили во Белград, преку социјалните мрежи разменувале експлицитни фотографии од деца

M T

Нереди на Лезбос, петмина уапсени по демонстрациите против новиот мигрантски камп

M T

Во Индија уапсени 28 лица за групно силување на девојче

M T

Неколку уапсени по заканите за напад на синагога во Германија

M T