14.8 C
Скопје
1. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Лавината на границата меѓу Авганистан и Пакистан усмрти 19 лица

Најмалку 19 лица загинаа во лавина на планинскиот премин меѓу Авганистан и Пакистан, изјави талибански претставник.

Неколку групи луѓе се обидувале да ја преминат границата во моментот на несреќата, изјави Наџибула Хасан Абдал, директор за информации и култура за провинцијата Кунар во источен Авганистан.

„Досега се пронајдени 19 тела“, рече Хасан Абдал, додавајќи дека спасувачите трагаат по други жртви и можни преживеани.

Многу Авганистанци секојдневно се обидуваат да ја преминат планинската граница со Пакистан во потрага по работа или основни потреби. Пакистан ја комплетира оградата за заштита на границата со Авганистан долга 2.670 километри.

Во 2015 година, повеќе од 250 луѓе загинаа во лавини во Авганистан.

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

M T

Повеќе од една третина од територијата на Пакистан е под вода

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T

Стотици луѓе загинаа во силен земјотрес во Авганистан, почувствуван и во Индија

M T

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари, загинале во лавина

M T

Девет деца загинаа во експлозија во Авганистан

M T