4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари, загинале во лавина

Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати.

Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција.

Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставиле телефонски број за контакт на операторите од одморалиштето.

Операторите за локалните медиуми изјавиле дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот и натаму е на паркингот.

Обидите да се јават на бројот за контакт биле неуспешни.

Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникара, два хеликоптера и оператори со дронови. Кацига и јакна биле пронајдени попладнево, а неколку часа подоцна и три тела.

Локалните медиуми објавија дека тројцата најверојатно биле затрупани од лавина.

Можеби ќе ве интересира

Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите

M T

Во масовна гробница во Изум пронајдени повеќе од 440 тела

M T

Масовна гробница со околу 440 тела е пронајдена на истокот на Украина

M T

Во телата на петмина Иранци биле пронајдени околу седум килограми дрога

M T

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Атина, Грција

M T

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

M T