5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Италија парично ќе ги казнува луѓето над 50 години кои не се вакцинирани, важи и за странци

Oд денеска во Италија ќе стапат на сила нови ограничувања поврзани со епидемијата на коронавирус, вклучително и казни за невакцинирани лица постари од 50 години, кои ќе важат и за странците кои живеат во таа земја.

Луѓето кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ, кои ќе приложат доказ за целосна вакцинација или потврда дека се опоравиле од Ковид-19, од вторник нема да мора да имаат и негативен тест како предуслов за влез.

Поради многу заразната омикорн варијанта, тестот досега беше задолжителен за сите, без разлика на статусот.

Од почетокот на јануари, вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за лицата над 50 години.

Од денеска, лицата од оваа возрасна група кои сè уште не се вакцинирани, или не примиле втора доза или бустер доза и покрај тоа што имаат можност да го сторат тоа, ќе бидат казнети со 100 евра.

Мерката останува на сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странски државјани.

Од 15 февруари припадниците на оваа возрасна група ќе треба да достават и доказ за вакцинација или закрепнување од болеста на работа и ќе бидат принудени да работат од далечина доколку не го сторат тоа.

Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.

Промени има и кога станува збор за купувањето.

Од денеска посетителите на книжарниците, банките или канцелариите ќе треба да покажат потврди за вакцинација или прележана болест.

Тоа не се однесува на супермаркетите и аптеките.

Во Италија, која има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто од вкупното население се вакцинирани против Ковид-19.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Јахта долга 40 метри потона во близина на Италија

M T

Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – Кој сака во градот мора да се вакцинира

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша

M T

Работна посета на вицепремиерот Битиќи во Италија

M T