13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

ФБИ: Кина е најголема закана за долгорочната економска безбедност

Заканата што кинеската влада ја претставува кон Западот е похрабра и поштетна од кога било досега, изјави директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј, обвинувајќи го Пекинг за кражба на американските идеи и иновации и за лансирање масовни хакерски операции.

Во синоќешниот говор во претседателската библиотека на Роналд Реган, Реј истакна дека САД продолжуваат да ја сметаат Кина за нејзина најголема закана за долгорочната економска безбедност, дури и во време кога тензиите меѓу Русија и Украина се во фокусот на американската надворешна политика.

„ Кога ќе го собереме она што го гледаме во нашите истраги, од кои над 2.000 се фокусирани на кинеската влада која се обидува да ни ги украде информациите или технологијата, едноставно нема земја што претставува поширока закана за нашите идеи, иновации и економска безбедност од Кина“, рече Реј.

Според него, ФБИ отвора нови случаи на секои 12 часа со цел да се спротивстави на кинеските разузнавачки операции, при што хакерите на кинеската влада крадат повеќе лични и корпоративни податоци од сите други земји заедно.

„ Штетата од економската шпионажа на кинеската влада не е само тоа што нејзините компании напредуваат врз основа на нелегално стекнати технологии. Како што напредуваат, нашите компании и работници се туркаат во втор план“ рече Реј.

Кинеските владини претставници постојано ги негираа обвинувањата на американската влада, а портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон минатиот јули изјави дека Американците извршиле неосновани напади и злонамерно ги клеветеле за наводни кинески сајбер напади.

Во соопштението Кина е опишана како упорен бранител на сајбер безбедноста.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

M T

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Прв случај на мајмунски сипаници во Кина

M T

Тајфунот Муифа ја погоди Кина, повеќе од милион евакуирани

M T