21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ со последно збогум за првата сопруга: „Заспа во прегратката на нашиот син“

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи се прости од својата прва сопруга Ксенија Вучиќ, која ненадејно почина пред два дена на 56-годишна возраст.

„Ти благодарам што нашата Милица денеска е силна и непоколеблива девојка, нашиот Данило е пристојно и храбро момче, ти благодарам што нашите деца ги воспита дека најголема вредност е да се биде добар човек“, напиша Вучиќ.

„Ти благодарам што беше мој верен пријател и поддршка сите овие години, што веруваше и несебично го даваше својот максимум, помагаше за нашата Србија и народот да оди напред. Заспа во прегратката на нашиот син, верувам дека така сакаше, прегратката на Милица и Данило беше целиот твој свет. Почивај во мир и многу ти благодарам за сè. Твојот Александар“, напиша Вучиќ во објава која ја постави „Инстаграм“.

Ксенија Вучиќ, новинарка и поранешна сопруга на претседателот на Србија, денеска ќе биде погребана на Новите гробишта во Белград.

Семејството на Ксенија Вучиќ и Александар Вучиќ се на гробиштата и добиваат сочувство. Децата на Ксенија и Александар Вучиќ, Милица и Данило Вучиќ дојдоа на погребот со српскиот претседател.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Вучиќ: Одговорната политика не може да почива на митови

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T

Вучиќ: Економската иднина зависи од успехот на „Отворен Балкан“, можеме да го направиме тоа побрзо, посилно и подобро

M T