5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот, соопшти Северната флота на Русија.

Тоа се случува во време кога Москва организира сеопфатни воени вежби во кои учествуваат сите нејзини флоти.

Вежбите на Арктикот, во кои е планирано да учествуваат околу 30 воени бродови, 20 авиони и 1.200 војници, имаат за цел да ја проценат борбената готовност на руските војници на Арктикот и нивната способност да го заштитат Северниот морски пат.

Војниците ќе вежбаат одбивање воени закани и ќе помогнат да се обезбеди безбедност на поморските патишта и поморските економски активности на руските области во северните мориња во случај на криза, соопшти Северната флота.

Русија инвестирала големи средства во инфраструктурата за развој на Северниот морски пат и се надева дека таа ќе стане главна бродска рута бидејќи Арктикот ќе се загрева побрзо од остатокот од светот.

Овој пат во моментов не се користи во зима поради густата ледена покривка.

Минатата недела официјална Москва најави дека ќе објави серија воени вежби, на кои ќе учествуваат сите нејзини флоти во морињата кои се во близина на Русија.

Вежбите ќе вклучуваат и маневри во Средоземното Море, Северното Море, Охотското Море, Североисточниот Атлантик и Пацификот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T