4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – Кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот, објави холандскиот премиер Марк Руте.

Кафулињата и рестораните, како и местата кои нудат културни содржини, ќе бидат отворени до 22 часот, но со рестриктивни мерки, како задолжително носење маски и докази за вакцинација.

Исто така, ќе ѝовозможи на јавноста повторно да учествува во спортски настани, како фудбалски натпревари. Мерката за затворање продавници беше укината минатата недела, откако беше наметнато строго затворање на 18 декември. Притисокот врз владата да ги укине рестриктивните мерки беше огромен.

Протестираа претприемачите и целиот културен сектор, а градоначалниците побараа укинување на мерките пропишани за рестораните, кои останаа отворени во соседните Германија и Белгија.

Бројот на нови заразени почна рапидно да расте, па според последните податоци во последните 24 часа се идентификувани 65.000 нови случаи.

Се смета дека тој број е уште поголем со оглед на тешкотијата да се идентификува толку голем број на заразени. Стапката на инциденца во последните седум дена е речиси 2.000 нови инфекции на 100.000 жители.

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

СДСМ: Се грижиме за земјоделците 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

M T