15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повеќекратно убиство во Милвоки – Во куќа пронајдени пет тела

Мртвите тела на пет лица се пронајдени во куќа во американскиот град Милвоки, а полицијата смета дека се работи за повеќекратно убиство, соопштија локалните власти.

Полицијата на Милвоки одговорила на повикот околу 15:45 часот во неделата за да ја провери ситуацијата во куќата во која подоцна биле пронајдени мртви четворица мажи и една жена, изјави на прес-конференција помошник началникот на полицијата во Милвоки, Пол Формоло.

Идентитетот на жртвите сè уште се утврдува.

„Граѓаните на нашата заедница беа загрижени за станарите што живееја таму. Ова е нормален повик на кој треба да одговориме. Тоа го правиме постојано“ – изјави Формоло.

Тој додаде дека сè уште не се познати мотивите и дека нема информации што би навестиле дека постои опасност за заедницата.

Обдукциите, како што беше најавено, ќе бидат извршени денеска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во масовна гробница во Изум пронајдени повеќе од 440 тела

M T

Масовна гробница со околу 440 тела е пронајдена на истокот на Украина

M T

Во телата на петмина Иранци биле пронајдени околу седум килограми дрога

M T

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

M T

Расчистено убиството во Струмица, сторителите се лишени од слобода

M T

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

M T