13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италија избира нов претседател – Марио Драги фаворит

Во Италија денеска почнува процесот за избор на нов претседател, а за фаворит се смета актуелниот премиер Марио Драги.

Постои загриженост меѓу италијанските политичари дека резултатот може да предизвика нова политичка несигурност во третата по големина економија во еврозоната, која се соочува со оживување инфекции и смртни случаи од коронавирус.

Околу 1.009 членови на двата дома на парламентот, Претставничкиот дом и Сенатот, и претставници на регионите и автономните покраини, ќе почнат да гласаат во 15 часот по локално време во првиот круг од изборите за наследник на Серџо Матарела.

Марио Драги, кој важи за фаворит, не може да ги извршува двете функции, а во Рим веќе со недели се преговара за тоа како ќе продолжи да работи неговата влада, во која се застапени речиси сите поголеми партии во парламентот.

Премиерот Драги е на чело на владата на национално единство и јасно стави до знаење дека би сакал да ја преземе таа функција.

Сепак, некои партии, наводно, се сомневале дали да го поддржат поради страв дека неговото заминување може да предизвика политички превирања и предвремени избори.

Поранешниот премиер Силвио Берлускони во саботата објави дека ја повлекува кандидатурата, а ниту десничарските, ниту левичарските партии сè уште не се договориле за заеднички кандидат.

Затоа, тешко дека одлуката ќе биде донесена на првиот ден од гласањето, бидејќи на победникот на тајното гласање во парламентот му е потребно двотретинско мнозинство во кој било од трите изборни круга.

Меѓу оние кои се сметаат за можни кандидати се поранешниот претседател на Долниот дом на парламентот Пјер Фердинандо Касини, поранешниот премиер Џулијано Амато и претседателката на Сенатот Марија Елизабета Алберти Каселати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Јахта долга 40 метри потона во близина на Италија

M T

Италија ќе прогласи вонредна состојба во регионите погодени од суша

M T

Работна посета на вицепремиерот Битиќи во Италија

M T

Голем пораст на бројот на заразени во Италија, речиси 100.000 нови случаи за еден ден

M T

По Италија и Шпанија повторно ќе ја отвори амбасадата во Киев

M T