Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија ТОП ВЕСТИ

Бочварски: Брзо ќе воспоставиме авиолинија со Софија

„Утре на средбата на двете работни групи ќе ги отвориме и прашањата во однос на авиолинијата, на сите оние процедури кои што треба да се обават и секако економската исплатливост, вклучување на одредени авиопревозници, оператори, тоа е поголема постапка но сакаме брзо да ја решиме и што е можно поскоро да се отвори оваа авиолинија.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вестите на телевизија Канал 5.
Бочварски:

“Една од слабостите е тоа што досега работните групи многу често се формирале но после првичните состаноци потоа состаноците и средбите изостанувале, сега целта е да имаме многу поактивни, брзи и ефикасни средби. Секако ова го говорам од тој аспект дека најмалку 4 пати годишно ќе имаат средби овие работни групи кои што разговараат на најразлични теми, еве на темата на железничката инфраструктура, а секако по потреба ќе се среќаваат и почесто со ротација, и во Бугарија но и во Македонија така што од тој аспект сакам да кажам дека уште во средината на овој месец ќе биде првата средба на тие работни групи кои што технички ќе влезат во разработка на сите проекти и постпаките, и ќе ги олесниме процедурите за да отпочне но и да се заврши се она кое што сме го замислиле..“- дополни Бочварски.