10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пецаков го чека кривична пријава – му се заканува казна?

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ќе добие кривична пријава оти утрото на Водици направил корона-тест и наместо да го почека резултатот во самоизолација, учествувал на одбележувањето на верскиот празник, а потоа добил и позитивен резултат, јави Телма.

Откако за ова се дознало во Охрид, како што вчера првично објави порталот „А1он.мк“, граѓаните распаметени барале термини за тестирање. Пецаков, во изјава за порталот вели дека немал никакви симптоми, а се тестирал заради патување во Банско. Следниот ден го повторил тестот и добил негативен резултат.

Од Државниот санитарен инспекторат потенцираат дека без разлика од која причина се прави тестот и без разлика дали се работи за симптоматски или асимтоматски случај, резултатот се чека во самоизолација.

Со посебна уредба на Владата, донесена на 22 април 2020 година, со законска сила се задолжува самоизолација додека се чека резултатот од тестирањето.

Пецаков на Водици без заштитна маска присуствуваше на одбележувањето на христијанскиот празник во Охрид. Се сретна со евроамбасадорот Дејвид Гир, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Спонзорирано: