8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

А1он: Градоначалникот Пецаков, позитивен на Ковид – 19, се изгушка со половина Охрид, лекарите стравуваат од огромен кластер

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, место да седи во изолација по направен тест за Ковид – 19 се појави на одбележувањето на Водици на 19 јануари, се гушкаше со граѓаните, се ракуваше со гостите, а по прославата добил позитивен тест, пишува А1он.

Охриѓани кои биле во контакт со него се распаметени и во паника бараат термини за тестирање, откако дознале дека градоначалникот е позитивен на Ковид- 19, а паника се шири и во останатите градови оти Охрид за Водици е „Македонија во мало“.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврдија дека градоначалникот Пецаков добил решение за изолација по позитивен тест на коронавирус, а потсетуваат дека и се уште важат правилата секој што се тестира веднаш да се изолира, пишува А1он.