13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Захарова со критики за американските новинари

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги критикуваше американските новинари кои за време на прес-конференцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден отворено зборуваа за рускиот напад врз Украина, но се воздржаа да прашаат за проширување на НАТО.

„Изненадувачки е како американските новинари зборуваа за рускиот напад врз Украина за време на прес-конференцијата на Бајден, делувајќи како никогаш да не слушнале за проширувањето на НАТО на исток и за обврските на западните земји во однос на неделивоста на безбедноста. Како да не знаат ништо за провокациите на Киев и поддршката што ја добија од Вашингтон“, рече Захарова.

Ваквото однесување на новинарите таа го оцени како „криминален пропуст“.

Како што јави ТАС С, Западот и Киев неодамна шират гласини за потенцијална руска инвазија на Украина, што портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги опиша како „празни и неосновани“ тврдења, односно како трик на Западот да предизвика ескалација на тензиите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британската премиерка со одговор на критиките: „Жал ми е за грешките, но останувам“

M T

Марија Захарова: Бараме да се запре со убиствата на цивили во Украина

M T

Захарова: ЕУ и САД направија робови oд украинскиот народ

M T

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ против Русија е нелегитимен

M T

Захарова: Политичарите од ЕУ ја бараат причината за кризата во својот двор

M T

Захарова: Западот вештачки ја одложува војната, Бугарија се користи за надмудрување на Русија

M T