14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Силна зима ги зафати Либан, Сирија и Јордан – Починаа три деца

Три сириски деца починаа, а стотици илјади луѓе се изложени на голем ризик поради ниските температури, бидејќи силните зимски бури ги погодија Сирија и околните земји.

Лошото време им се закани на илјадници внатрешно раселени сириски семејства, како и на Сиријците кои живеат во Либан и Јордан.

Се проценува дека температурите ќе се спуштат до минус 14 Целзиусови степени, што е најниска измерена температура во последните 40 години.

„Невремето оштети повеќе од 360 шатори и погоди повеќе од 2.100 луѓе кои живеат во кампови во Сирија“, соопшти канцеларијата на ОН во Турција.

Дете загина во камп во Сирија, откако врз него падна шатор покриен со снег. Тие се борат за животот на нивната мајка.

Безживотните тела на две деца на возраст од 3 и 5 години беа пронајдени во камп северно од Алепо во понеделник наутро. Медиумите јавуваат дека се запалил шаторот во кој децата се обидувале да се стоплат со греалка.

Во пожарот тешко е повредена мајката на детето и итно е пренесена во болница.

Две деца за малку ќе настрадаа како последица на смрзнување и беа спасени во последен момент од кампот во Булбул.

Ова е уште еден удар за луѓето кои веќе подолго време живеат под секое ниво на достоинство.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Три деца се меѓу 13-те загинати откако руски воен авион се урна во дворот на зградата

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

Уапсена мајката чии деца биле пронајдени мртви во куфери на Нов Зеланд

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T