9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Во владината програма се застапени предлози на сите партнери, коалицијата е стабилна

„Договорот за оваа влада е од 2022 до 2024 година. Јас и во самото екпозе кажав дека избори ќе има во 2024 година. Во програмата на Владата се внесени сите јавно искажани програмски ставови на коалиционите партнери. Ние сме разговарале за програмата и сите партнери презедоа одговорност“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека има дневна комуникација со сите коалициони партнери и дека во министерствата и владата не се работи според партиски интереси и видувања, туку сите работат заедно за доброто управување на државата.

Во врска со прашањето за една изборна единица и барањата на помалите партии од коалицијата за промена на Изборниот законик, Ковачевски истакна дека СДСМ се подготвени да разговараат со сите партии за да се видат различните видувања и законот да се донесе консензуално.

„Изборниот законик се носи подолг временски период, за да се направи на начин на кој ќе биде спроведлив и адекватен за сите политички партии. Не треба временски да се ограничуваме, туку да се отвори дискусија и да се види кој модел е најдобар за сите политички партии“ кажа Ковачевски.

Спонзорирано: