17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ неосновано ме обвинува, а тие за секоја одлука патуваат во Будимпешта

„Човек докажува дали самостојно одлучува врз основа на одлуките што ги носи. Јас предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, односно различни од оние што беа претходно. Исто беше и при изборот на Владата, каде се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите. Предлозите ги дадов јас, а ги одобри раководството на партијата“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека половина од Извршниот одбор на СДСМ е нов, 75 отсто од потпретседателите на нови и 66 отсто од секретарите се нови.

„Тука би изнел паралела со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие пред секои избори и секоја одлука мора да одат во Будимпешта на некаков состанок. Факт е дека пред секое ноесење на одлука на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се оди во Будимпешта со некаков формален изговор, за да се добие согласност за тоа што се одлучува“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека во изминатиот период имал контакти со сите поранешни претседатели на СДСМ со цел да побара совети за ракоодењето со партијата, но и државата.

Спонзорирано: