10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше лаги и невистини за мене – докторирав во Црна Гора, во Харвард бев на доусовршување

„Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ почна да изнесува лаги и невистини за мене. Јас не ги коментирав, бидејќи моето ЦВ е достапно на интернет. Магистрирав во Скопје, а докторирав во Црна Гора“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека докторирал во Црна Гора бидејќи таму има доста пријатели и го отфрли шпекулациите дека тој докторирал додека неговиот татко бил амбасадор во оваа земја.

„Татко ми не беше амбасадор во Црна Гора, туку вршител на должност. Јас докторирав во 2008 година, а татко ми уште во 2007 година беше вратен во Скопје, кога имаше и операција на канцер. Не сакав да зборувам за тоа, но морам да кажам за да ги отфрлам овие шпекулации“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека во неговата биографија точно пишува и каде бил на доусовршување, отфрлајќи ги нападите дека лажел за неговото усовршување на Харвард.

„Најголем дел од мојата професионална кариера ја поминав како дел од Дојче Телеков, а бев и дел од Телеком Австрија Групацијата. Во такви компании секоја година дел од менаџерите одат на доусовршување, а Харвард има неколку такви програми кои траат од 6 до 12 месеци. Јас бев на програма за дигиталиација на маркетинг процеси во 2011 година. Подготвував студија на случај, а потоа отидов во Бостон каде што го добив и сертификатот“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека освен во Харвард, има завршено курсеви за доусовршување и во Ротердам, Барселона и Минхен.

Спонзорирано: