9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со Петков внесуваме нов начин на комуникација за да ги изолираме пропагандистите

„Имаме нов тон и нов начин на комуникација, поминавме на средбата со Петков во позитивен дух, зборувавме да ја вратиме довербата и на кој начин да вклучиме поголем број институции и поголем број чинители од општеството, за да создадеме проекти важни за животот на граѓаните. Јас никогаш, ако забалежувате, не се врзувам со датуми или со конкретни рокови, а тоа го кажав и на прес конференција, јас сум рационален оптимист, верувам во целта и работам да се оствари таа цел. Ова со Петков е токму тоа. Ќе имаме работни групи, во вторник имаме заедничка седеница на двете влади. Имаме одредено кој ќе учевствува од наша страна, но се опфатени поголем број сектори. Намерата е да имаме и други преставници освен политичари, и тие да бидат вклучени, како деловните заедници, младинските организации, граѓаните…сите кои можат да ги зајакнат односите помеѓу двете држави. Ако ја погледнеме трговската соработка таа може да биде далеку подобра.“- изјави Димитар Ковачевски, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„МНР постојано е во комуникација со Софија, сите прашања се на маса. Јас имам пристап дека мораме да стигнеме до решение, но без брзоплетост, и да го донесеме во духот со европските вредности и тогаш ќе кажеме дека имаме решение. Прво, прашањето за долгото и краткото име на државата, испративме нота и покажавме добра волја. Претходно имавме односи на пониско ниво, имаше разни пропагандисти кои влијаеја на процесот. Ние сега имаме пет работни групи кои пред себе имаат педизвик да испорачаат резултати. Во тие работни групи, ние треба да воспоставиме соработка.“- објасни Ковачевски.

Спонзорирано: