17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Јас сум на страната на работниците, секој заслужува недела да му биде неработен ден

„Јас сум на страната на работниците кои заслужуваат недела да им биде неработен ден. Да може да го поминат со децата, со семејствата и да имаат слободно време во кое ќе се посветат на нив“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека ќе разговара со Стопанската комора и бизнисите кои негодуваат на овој закон, кој како што повтори, беше донесен низ социјален дијалог во кој беа вклучени сите социјални партнери.

„Постојан индустри кои не може да се затворат, има процеси кои не може да се запрат, тоа беше земено предвид при изготвувањето на законот. Верувам дека секое решение може да се постигне низ социјален дијалог“ кажа Ковачевски.

Премиерот додаде дека како што и законското решение произлезе од социјалниот дијалог и сите проблеми може да се решат со истиот и потенцираше дека секој вработен заслужува еден ден да биде со своето семејство, како што тоа е и во другите држави.

Спонзорирано: