10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден ѝ се закани на Русија – Ако Путин оди во Украина, тоа ќе има големи последици

Американскиот претседател, Џо Бајден, на прес-конференција во Белата куќа по повод првата година од неговото претседателствување рече дека тоа е година на предизвици и напредок посочувајќи дека ако Русија оди во Украина, тоа ќе има катастрофални последици.

Тој рече дека Москва ќе сноси одговорност доколку, како што наведе, ја нападне Украина.

„Претпоставувам дека Путин ќе тргне кон Украина“, рече американскиот претседател додавајќи дека тотална инвазија на таа земја, сепак, би предизвикала одговор што скапо ќе ги чини Русија и нејзината економија.

Бајден изјави дека верува оти Русија подготвува акција во Украина иако смета дека Путин сѐ уште не донел конечна одлука.

Американскиот лидер предложи дека ќе го ограничи пристапот на Русија до меѓународниот банкарски систем доколку ја нападне Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T