12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Тонга по ерупцијата и цунамито – Поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг, ја прикажуваат земјата и дрвјата покриени со пепел и огромната штета предизвикана од вулканската ерупција.

Ова е особено забележливо на фотографиите на Номука, мал остров во јужниот дел на групата острови Хапаи.

Фотографиите се направени од авионот од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд, а беа прикажани и сателитски снимки на Обединетите нации.

Сателитските снимки покажуваат речиси идентични сцени на островите Коломоту, Тонгатапу и селото Фафа на островот Нукуалофа, кои се целосно покриени со пепел.

Додека некои згради сè уште стојат, други, според снимката, се чини дека се урнати.

На меѓународниот аеродром Фуамоту, пистата беше потопена и делумно покриена со пепел или земја, додека други сателитски снимки покажуваат дека поплави имало и во неколку области долж брегот.

Саботната ерупција на подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хапаи, на околу 65 километри северно од главниот град Тонга, се смета за најголемиот вулкански настан во последните 30 години.

На социјалните мрежи најпрво брзо се појавија видеа и фотографии од бранот цунами што ги погоди околните острови, но следеше молк, бидејќи беше оштетен главниот комуникациски кабел.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Цунамито за 10 години ќе претставува закана за околу половина од светското население

M T

По два земјотреса во Грција, предупредување за цунами

M T

Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

M T

Силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ја погоди Панама

M T

Нова ерупција на Етна – улиците и покривите на Катанија под пепел

M T

Белгија: “Ни се заканува цунами од нови случаи на коронавирус”

CENTAR MKD