10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Горан Милевски без одлука во ЛДП се предложил за министер?

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, самиот, без согласност и партиска одлука, се предложил за министер во Владата, пишува А1он, повикувајќи се на интерен документ во ЛДП.

„Со вчерашниот избор на Владата и изборот на Горан Милевски за член на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување седница на ЦО и носење одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: ‘ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП’“, стои во дописот до ЦО, потпишан о Филип Аврамчев, член на Централниот одбор на партијата.

Тој бара од членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата.

Спонзорирано: