17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради зимската бура откажани над 2.700 летови во САД

Авиокомпаниите денеска откажаа повеќе од 2.700 летови во САД, поради зимската бура што го погоди источниот брег.

Според сајтот за мониторинг на летови „flightavare.com“, денеска до 12:30 часот по локално време биле откажани над 2.700 влегувања и полетувања од САД.

Според објавените податоци, повеќе од 1.500 летови се одложени.

„Американ ерлајнс“ има над 600 откажани летови.

Најтешко погоден аеродром во земјата е меѓународниот аеродром во Шарлот, Шарлот Даглас, кој останал отворен до зори, соопштија на брифинг аеродромските власти.

Сепак, повеќе од 1.000 летови до Шарлот денес се откажани, според веб-страницата flightavare.com.

Шарлот е главен воздушен центар во јужниот дел на Соединетите американски држави.

Голема зимска бура со комбинација од силен ветер и мраз го погоди источниот брег на САД, соопшти Националната метеоролошка служба.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, на „Твитер“ напиша дека луѓето треба да избегнуваат патувања кои не се неопходни во областите погодени од невремето.

Гувернерите на Џорџија, Вирџинија, Северна Каролина и Јужна Каролина прогласија вонредна состојба поради снежното невреме.

Десетици илјади корисници останаа без струја во Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и на Флорида.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британска авиокомпанија планира да откаже околу десет илјади летови

M T

Поради штрајк откажани десет проценти од летовите во Париз

M T

Најавен прекин на патувања низ Европа – Технички проблеми во германската контрола на летови

M T

Кина ги забрани летовите на авионите кои Русија ги национализира

M T

На летовите кон и од Германија задолжителни маски и покрај олабавувањето на мерките

M T

Столтенберг: Воведувањето зона на забранети летови во Украина би значело масовни воздушни напади врз руските системи

M T