13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Од околу 300.000 граѓани ќе се бара да платат казна од 50 евра за јануари, додека за секој нареден месец во кој граѓанин ќе остане невакциниран казната ќе биде 100 евра.

Атинска новинска агенција, повикувајќи се на извори од грчката влада, објави дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години веќе се вакцинирани или закажале термин.

Истите извори забележуваат дека благодарение на задолжителната вакцинација за постарите од 60 години, процентот на вакцинирани во оваа возрасна група, која е една од најзагрозените, е зголемен за речиси 10 процентни поени.

Имено, вакцинирани или закажани се 2.761.838 граѓани на возраст над 60 години, додека од 30 ноември кога беше објавена казна од 100 евра, бројот на граѓани кои решиле да се вакцинираат достигна 217.000.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Приведено лице барано по централна потерница за доиздржување на затворска казна

M T

Приведен гостиварец за издржување затворска казна

M T

Приведено лице од Скопје за издржување затворска казна

M T

Приведен криминалец баран со потерница за издржување двегодишна затворска казна

M T

Приведен крадец осуден на тригодишна затворска казна

M T

Приведен бегалец од затвор, вратен на доиздржување на казната

M T