9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шефот на данската разузнавачка служба во притвор поради протекување информации

Началникот на данското контраразузнавање Ларс Финдсен е задржан во притвор поради вмешаност во случај со протекување на „многу доверливи“ информации.

Четворица сегашни и поранешни вработени во две дански разузнавачки служби беа уапсени во декември поради објавување на многу доверливи информации. Финдсен е единствениот кој останува во притвор додека трае истрагата.

„Сакам да бидат покренати обвиненија и се изјаснувам за невин. Ова е целосно лудо“, им рече Финдсен на новинарите на сослушувањето каде се одлучуваше дали Финдсен ќе остане во притвор.

Случајот, за кој властите објавија многу малку информации, се чува зад затворени врати, што значи дека точните наводи и природата на протечените информации не се објавени.

Според телевизијата ДР, која се повикува на неименувани извори, случајот се врти околу протекување доверливи информации за данските медиуми.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шефот на јапонската полиција поднесе оставка поради убиството на Шинзо Абе

M T

Шефот на британската разузнавачка служба: Путин ја губи информациската војна во Украина

M T

Приведено лице од скопско за издржување на изречена мерка притвор

M T

Приведен скопјанец на Граничен премин Табановце

M T

Приведен крадец на уметнички слики, одреден притвор, а дел од одземеното вратено на сопственикот

M T

Поранешен шеф на руска банка побегна да се бори за Украина

M T