7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Грција 9 од 10 заболени од ковид се заразени со омикрон

Девет од десет случаи во Грција може да се припишат на омикрон варијантата на коронавирус, изјави заменик-министерката за здравство Мина Гага.

Таа рече дека на 30 декември омикрон имал учество од 82 отсто од сите случаи, а само еден ден подоцна бил 89 отсто.

Со оглед на зголемениот притисок врз итните здравствени служби, таа ги повика луѓето кои се позитивни на антигенски тест да не брзаат во болниците да направат ПЦР тест, туку тоа да го пробаат во локалните амбуланти.

Приватниот медицински сектор денеска треба да добие официјален допис од владата со барање да му помогне на јавното здравство, рече Мина Гага.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Атина, Грција

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Мобилна апликација може да детектира Ковид-19 според анализа на гласот

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T