12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО: Омикрон не треба да се смета за поблага варијанта на вирусот

Високо заразниот омикрон вид на коронавирус создава помалку опасен тек на ковид од глобално доминантниот делта сој, но не треба да се карактеризира како „благ“, објави денеска раководството на Светската здравствена организација (СЗО).

Шефицата на клиничкиот менаџмент на СЗО, Џенет Дијаз, рече дека претходните студии покажале оти постои намален ризик од хоспитализација поради омикрон, во споредба со делта.

„Опасноста е помала и за младите и за постарите“, додаде Дијаз на конференцијата во седиштето на СЗО во Женева.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, рече дека сојот омикрон не треба да се смета за „благ“ бидејќи ширум светот паѓаат негативни рекорди по бројот на заразени, здравствените системи се преплавени, а владите се обидуваат да го „скротат“ вирусот, кој досега усмрти повеќе од 5,8 милиони пациенти.

Уште една варијанта, означена како IHU, првпат регистрирана во 2021 година, исто така е сој кој СЗО го следи, но тој не циркулира низ целиот свет, додаде техничката директорка на СЗО, Марија Ван Керхове.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

СЗО: Повеќе од 35.000 случаи на мајмунски сипаници во светот

M T

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

M T

Раководителот на СЗО за Европа: Забрзајте ја вакцинацијата и воведете маски

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

Експертите на СЗО одлучуваат дали да воведат вонредна состојба поради мајмунските сипаници

M T